Запленети „Луи Витон“, „Гучи“ и „Ролекс“: Царинските служби спречија обид за нелегална трговија со брендирани производи

од Илинка Илиоска
45 прегледи

Царинските инспектори и царинските службеници изминатите денови и во текот на вчерашниот ден спречиле неколку обиди за нелегална трговија на брендирани производи, криумчарење цигари и нелегално изнесување девизи.

– Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост, информираат денеска од Царинската управа.

На граничниот премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавиле дека ги купиле на фришоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.

Спречен е и обид за нелегално изнесување на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари коишто македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничниот премин Табановце.

На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети, информираат од Царинската управа, додавајќи дека против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

Слични содржини