156
Почна исплатата на платата на здравствените работници, информираше вчера попладне Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.
– ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од вчера започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, е наведено во соопштението.
Од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога Фондот се соочува со сајбер напад и кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.