Започна исплатата на парични средства од Мој ДДВ

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Почна исплатата на поврат на ДДВ за првото тромесечје на 2021 година, односно се враќаат пари за скенирани сметки во јануари, февруари и март. Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека на граѓаните ќе им бидат исплатени вкупно 403,5 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Во ова тромесечје граѓаните скенирале 67.255. 511 фискални сметки, а прометот изнесува 32.434.528.850 денари. Од УЈП информирааат дека граѓаните може да се информираат на своите кориснички профили на Е-ПДД за тоа до каде им е исплатата од МојДДВ за соодветното тримесечје, односно дали и кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е во ред или е погрешна и како истата да ја коригираат за да се реализира исплатата.

Слични содржини