На социјалните мрежи се шират снимки кои наводно покажуваат напади на руската авијација врз конвојот на „Вагнер“ кој се движи кон Москва.
Се верува дека со тоа започнале конфликтите во регионот Воронеж меѓу војската и „Вагнер“.
Потсетуваме, Колона наводно се наоѓа на М-4. Гувернерот на регионот Липецк во централна Русија изјави дека автопатот М-4 што ја поврзува Москва со јужните региони е затворен за сообраќај на границата со регионот Воронеж, околу 400 километри јужно од главниот град на Русија, пренесува Ројтерс.