Започна основањето на компанијата „ToMontenegro“

од Nikola Popovski
411 прегледи

Со уплатата на основниот капитал од четири милиони евра, Владата на Црна Гора започна процедура за основање на нова национална авиокомпанија „ТоМонтенегро ДОО“, соопшти денеска црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ и рече дека добар дел од вработените, најдобрите од Монтенегро ерлајнс, ќе бидат ангажирани и во новата компанија.

Тој ги повторил информациите дека основната главнина на новата компанија е 30 милиони евра. Да потсетиме, Одлуката за формирање на новата авиокомпанија „ТоМонтенегро“ беше објавена во Службен весник на Црна Гора, објави РТЦГ.

„За помалку од еден месец, новата влада со рационализација на досегашното не-домаќинско трошење од 4.000.000 евра, започна со основање на нова национална авиокомпанија, „ТоМонтегро ДОО“, што ќе има вкупно 30.000.000 евра како почетен капитал“, објавил Спајиќ на Твитер.

Според министерот, тие морале брзо да реагираат за да го спасат максимумот од МА

„Но, името, логото, дизајнот итн. се предмет на промена и ги замолуваме сите луѓе кои ја имаат оваа приказна во своите срца да испратат предлози на: [email protected]. Ние ќе ги презентираме вашите предлози пред јавноста, која ќе го има последниот збор“, рече министерот за финансии.

Слични содржини