Сериското производство на новиот Fiat 600e, кој беше прикажан во јавноста на 4 јули годинава, официјално започна во фабриката на Stellantis во Тичи, Полска.
Првата копија 600e e во врвното издание La Prima, во портокаловата боја „Sun of Italy“.
Фабриката Tychy го започна своето производство во 1975 година и моментално работи на систем со три смени во кој се вработени повеќе од 2.000 луѓе. Производството се одвива според системот Stellantis Production Way, преку кој фабриката ефикасно ги извршува своите задачи во сите области на активност, вклучително и квалитетот и енергетската ефикасност, со целосен ангажман на вработените.
Од почетокот на производството во 1975 година до декември 2022 година, фабриката Tychy произведе вкупно 10,8 милиони автомобили.