Започна протестот на Ромите, најавени „бомби“ пред Влада

од desk3
140 прегледи

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) од 11:30 часот започна мирен протестен марш од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“. Учесниците се движат до зградата на Владата, каде пред присутните и пред целата јавност ќе се обратат повеќе активисти, меѓу кои и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, пренесува „Мета“.

PCER-712x400

Според најавите, на протестот ќе бидат презентирани и нови аудиоснимки „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари, но нема да има директен пренос на интернет.

„Нема да има стриминг, па не сме ние ВМРО, ние сме сиромашна партија. Преку разглас ќе ги пуштаме снимките, нека чуе целиот народ што се случувало во Шуто Оризари“, изјави за „Мета“ Самка Ибраимовски.

Од ПЦЕР претходно упатија јавен повик за учество на протестот на сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната верска, партиска и етничка припадност, односно сите што ја поддржуваат вистината и ѝ посакуваат светла иднина на оваа земја, да се придружат на маршот за да се каже „стоп“ на, како што велат, оваа нелегитимна и диктаторска власт.