Започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

од Aleksandar Petrovski
393 прегледи

Пред Министерството за правда започна протестниот  марш на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска  организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Од пред Министерството за правда протестот, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

– Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, велат од опозицијата.

Слични содржини