Започна седницата на Советот за безбедност во кабинетот на Пендаровски

327 прегледи

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 11-та редовна седница на Советот за безбедност со точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

На седницата беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО.

Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба.

Слични содржини