Сара Џесика Паркер ја објави првата фотографија од продолжението на снимањето на култната серија „Сексот и градот“.
Актерката позираше во Њујорк со своите колешки – Синтија Никсон и Кристин Дејвис.
„Повторно заедно. Го читавме сценариото на првите епизоди“, напиша Сара Џесика во описот на фотографијата.
Иако сè уште не се познати деталите за сценариото за новата сезона на серијата „Сексот и градот“, главната актерка Сара Џесика Паркер претходно потврди за „Варајети“ дека новите епизоди ќе ја прикажат и пандемија на коронавирус.
„Сценариото е разновидно, епизодите ќе бидат многу возбудливи. Сценаристите не размислуваа долго дали да ја вклучат појавата на коронавирусот во приказната, дејството на серијата се одвива во Њујорк, каде пандемијата беше многу почувствувана“, рече Паркер.
За потсетување, во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Секоја од нив ќе заработува нешто повеќе од милион долари по епизода, што значи дека ќе заработи повеќе од десет милиони долари за целата нова сезона.