РИА Новости пишува дека денеска во Доњецк се одржало судењето на британските државјани и на еден Мароканец кои учествувале во „вооружената агресија против Украина со цел да ја преземат власта во Народна Република Доњецк за одреден надомест“.
РИА тврди дека Шон Пинер и Ејден Аслин и Садун Брахим ја признале вината и дека им се закануваат долги затворски казни по различни точки, но поради можни отежнувачки околности и смртоносни.
Сите тројца обвинети се предале во Мариупол.
Откако биле уапсени, тие признале дека го прекршиле членот 232 од Кривичниот законик на ДНР „Поминување обука за цел на терористичка активност“, и дека делото е казниво со затвор од 15 до 20 години, пренесува „Спутник“.
Руското Министерство за одбрана објави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека во најдобар случај ќе се соочат со долга затворска казна“.
Фото: Profimedia/Sputnik/Konstantin Mihalchevskiy