Започна судењето на Навални за екстремизам

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални (46) денеска се појави пред рускиот суд за да се брани од обвиненијата за екстремизам, што може да му додаде повеќе децении на затворската казна.

Сослушувањето се одржа во казнената колонија ИК-6 во Мелехов, 235 километри источно од Москва, каде Навални отслужува 11 и пол-годишна затворска казна, објави „Ројтерс“.

Неговите поддржувачи ја обвинуваат Москва дека се обидува да го скрши и замолчи поради неговата критика кон претседателот Владимир Путин, што Кремљ ги негира.

На новинарите не им беше дозволено да влезат во судницата, но можеа да ја следат постапката од блиската просторија преку видео врска.

Портпаролот на судот изјави дека судењето по обвинението за екстремизам ќе се одржи зад затворени врати.

Тој побара да им се дозволи на неговите родители да влезат во судницата, велејќи дека дошле во Мелехово, верувајќи дека судењето ќе биде отворено за јавноста.

Запрашан да го коментира случајот, портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков рече дека Кремљ не го следи неговото судење.

Британската новинска агенција наведува дека се уште не е јасно кои се новите обвиненија против него.

Во едно обвинение се наведува „рехабилитација на нацизмот“ – веројатно мислејќи на изјавите на Навални за поддршка на Украина, за чија влада Русија вели дека ја олицетворува нацистичката идеологија.

Украина и нејзините западни сојузници ги отфрлија обвинувањата како неосновани.

Слични содржини