Започна судењето на Паф Деди: Нови обвинувања за силување

од Љубиша Владимиров
92 прегледи

Судењето на музичкиот могул Паф Деди, кој е во затвор од септември минатата година, започна пред неколку дена. Тој е обвинет за сериозни кривични дела, меѓу кои сексуален напад, рекетирање и водење мрежа за проституција, а сега против него е поднесена уште една тужба.

Во новата тужба, една жена го обвинува Паф Деди за силување. Таа тврди дека го молела да престане, но тој не ја послушал. По нападот, тој останал гол и лежел мирно на креветот, додека таа се обидувала да избега, а неговиот телохранител ја придружил до вратата и ја испратил надвор, објави „Њујорк пост“.

Жената, која сакала да остане анонимна, го запознала Паф Деди во јануари 2011 година во неговото музичко студио, како и во ноќни клубови и ресторани. По силувањето, работниците на раперот ја одвезле неа и нејзината пријателка дома, наведено е во тужбата. Исто така, во судските документи се спомнуваат и деталите за гениталиите на Шон Комбс (Паф Деди), кои тужителката ги споредила со „Тутси рол“ во ерекција.

Жената која го тужела Паф Деди, по нападот посетувала психотерапевт. Засега, адвокатите на раперот не дале официјален коментар за новата тужба. На судењето веќе се појавија вознемирувачки докази, вклучително и видео снимка од хотел во Лос Анџелес од 2016 година, на кое се гледа како Паф Деди ја тепа неговата тогашна девојка Кејси Вентура. Судењето продолжува, а новите обвинувања само ја усложнуваат ситуацијата за музичкиот могул.

Слични содржини