Започна заедничка вежба на воздухопловните сили на Русија и Белорусија

од Radmila Tasevska
177 прегледи

Заедничката тактичко-летечка вежба на воздухопловните единици на вооружените сили на Русија и Белорусија започна денес, пренесува агенцијата Белта, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Белорусија.

Целта на вежбите е да се подобри оперативната компатибилност во извршувањето на задачите за борбена обука.

Предвидени се проби на воздушно извидување, заедничко патролирање на воздушниот простор долж државната граница, воздушна поддршка на војниците, воздушно слетување, како и испорака на товар и евакуација на повредените.

Слични содржини