Холандски Lightyear почна да прима резервации за својот нов електричен модел, чие производство треба да започне во 2025 година.
Иако компанијата зборува за конкурентна цена за Lightyear 2, таа ќе биде поскапа од очекуваното. Првично се зборуваше за цена од околу 30.000 евра, но сега се зборува за 40.000 евра и тоа без локални даноци. Како и да е, холандската марка сè уште зборува за достапен автомобил за широките маси.
Сепак, сега е можно да се резервира Lightyear 2, правејќи го следниот чекор на компанијата кон производство. Веста беше објавена на саемот CES во Лас Вегас, а беше објавен и тизер од серискиот автомобил.
Производството на овој електричен автомобил треба да започне во 2025 година.
Техничките спецификации се уште не се објавени, единствено познато е дека досегот е приближно 800 километри.
Сега се носат конечни одлуки за дизајнот, а Lightyear ќе објави повеќе информации за погонскиот систем подоцна.
Презентацијата на Lightyear 2 ќе следи подоцна оваа година.
https://www.youtube.com/watch?v=eI5WXItQLDg0