Започнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска“

од Берта Китинска

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменик–претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска“.

– Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги поврзува улиците „Илинденска“ и „Скупи“, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
На настанот во организација на Град Скопје, ќе присуствуваат и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.

Слични содржини