Започнува Лебедовата песна на Гвардиола

од Vladimir Zorba

Англискиот весник „Дејли мејл“ тврди дека Пеп Гвардиола нема да остане во Манчестер Сити по истекот на договорот на крајот на јуни 2025 година. Доколку тоа се случи, тоа ќе значи дека Каталонецот ќе остане на чело на „граѓаните“ точно 9 години, колку и Јирген Клоп, кој веќе го напушти Ливерпул.

Гвардиола ја освои тројната круна со Манчестер Сити пред една година, а оваа сезона исто така ја подигна и рекордната четврта последователна титула во Премиер лигата и нема што друго да постигне со тимот.

Раководството на клубот сака да го задржи Гвардиола со продолжување на доминацијата на тимот, но се свесни дека има мали шанси тоа да се случи.

Пеп Гвардиола (53) најголемиот дел од кариерата го помина во Манчестер Сити, претходно 4 години во Барселона и 3 во Баерн Минхен.

Во Англија веќе се разговара за имињата на можните замени на Шпанецот за една година, меѓу кои и тренерот на Жирона, Мишел, што би било лесно бидејќи Каталонците се дел од „Сити Груп“, како и Чаби Алонсо, Роберто Де Зерби и Јулијан Нагелсман.

Слични содржини