Windows 11 излезе минатата есен и оттогаш новиот оперативен систем се распространува во фази за да се минимизира веројатноста корисниците да имаат проблеми. Microsoft сега објави дека сите корисници со компјутери кои ги исполнуваат минималните системски барања за имплементација на новиот ОС можат да инсталираат Windows 11.
За да го преземете соодветниот пакет, само проверете дали има ажурирања преку Windows Update. Можеби прво ќе треба да го проверите вашиот компјутер за минимални системски барања. Наскоро се очекува ажурирањето да биде достапно на сите компатибилни уреди.
Имајте во предвид дека ако вашиот компјутер користи двигатели на Intel Smart Sound Technology, сè уште нема да можете да инсталирате Windows поради проблеми со компатибилноста.
Microsoft не планира да бара задолжително ажурирање на сите уреди компатибилни со Windows 11, барем во овој момент. Наместо тоа, компанијата им овозможува на корисниците да одредат кога да го надградат новиот ОС.
Бидејќи поддршката за Windows 10 ќе продолжи до 2025 година, повеќето корисници веројатно нема да брзаат да ги надградат своите постоечки компјутери на Windows 11.
Во меѓувреме, кон крајот на минатиот месец, Windows 10 21H2, најновата верзија на Windows 10, стана јавно достапна, неколку дена пред Microsoft да престане да поддржува Windows 10 20H2.