Започнува производството на најскапиот кинески автомобил во историјата

од Vladimir Zorba
3,3K прегледи

За лимузината Honqi L5 веќе пишувавме, последен пат беше пред неколку месеци кога моделот од новата генерација беше претставен на кинескиот пазар. Станува збор за автомобил со импозантни димензии наменет за високи функционери на кинеската Комунистичка партија, но сега се нуди и на слободниот пазар.

А кога велиме импозантни димензии, во овој случај тоа значи дури шест метри должина и речиси 2,1 метар ширина. Преведено, тој е дури 411 mm подолг од Maybach на Mercedes, но сепак има само четири седишта. Позициониран како најпрестижниот модел на марката (подолу се сериите H и Q), неговиот дизајн се базира на култната CA770, државна лимузина со децениско искуство, според „Index“.

Се одликува со препознатлив преден дел со тркалезни фарови и вертикална решетка за маска, секако во сјаен хром. Не се штедеше на маса, па автомобилот тежи над 3150 кг. На задната страна на печатот е натписот, верувале или не, со ракопис на Мао Це Тунг.

Под хаубата се наоѓа 4.0-литарски V8 мотор со околу 400 КС, а се произведува во рамките на групата FAW. Овој седан може да оди до 220 km/h.

И конечно цената. Истиот е ставен на слободна продажба на 5.000.000 јуани или 644.835 евра.

Слични содржини