Започнува риалити шоу за голи први средби во Британија

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Не едно риалити шоу ги следи љубовните приказни меѓу мажи и жени кои избираат партнер во животот, но новата верзија ќе ги внесува учесниците право во кревет.4694146

Шоуто насловено “Undressed” веќе стана хит во Италија, а сега се појавува и на екраните на Островот, пишува “Индипендент”. Според правилата две лица се поздравуваат, ја симнуваат облеката и се фрлаат под чаршафите за 30 минути. Каналот, се разбира, не е ноќен или забранет за малолетници, па паровите зборуваат, се тепаат со перници и што уште ќе побараат за половина час, додека одговараат на прашања.

Потоа тие притискаат на копчињата со натпис да / не за тоа дали сакаат да останат во кревет еден со друг. Креаторите на шоуто велат дека симнувањето на облеката ја забрзува интимноста и ги истражува “признатите правила на атракција”. Според нив, тоа е “храбар и прекрасен нов концепт за запознавање”.