165
Околу 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ Мадрид пред денешниот дводневен самит на НАТО, на кој ќе учествуваат шефовите на држави и влади на 30 земји-членки на НАТО и десетина други партнерски лидери во екот на најтешката безбедносна криза во Украина од Втората светска војна.
Денеска се планирани две работни сесии на ниво на шефови на држави или влади, а во четврток, на последниот ден од самитот, една работна сесија на највисоко ниво.
Според шпанското Министерство за одбрана, борбените авиони и противвоздушната одбрана се во висока готовност.