Започнува судски процес за педофилија во Ватикан

од Vladimir Zorba
96 прегледи
Случајот е против поранешниот надбискуп Јозеф Весоловски
ватикан
Почнува првиот во историјата процес против духовник од Ватикан, обвинет за педофилија, пренесува БГНЕС. Случајот е против поранешниот полски архиепископ Јозеф Весоловски.
Тој е обвинет за поседување на детска порнографија и сексуално насилство врз малолетници, извршено додека бил амбасадор на Ватикан во Доминиканската република меѓу 2008 и 2013 година

66-годишниот Весоловски поднесе оставка како нунциј во 2013 година, откако црквата беше информирана дека тој редовно плаќа на Доминиканска момчиња за сексуални услуги. Во 2014 година тој беше лишен од духовен статус  и ставен во домашен притвор по наредба,која  дошла директно од папата Фрањо.

Процесот започнува денес, и е првото законско гонење за вакво злосторство против вработен на црквата во судскиот систем на Ватикан. Весоловски е загрозена од шест години затвор, ако биде прогласен за виновен.