Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата над Запорожје, населба во регионот на Доњецката Народна Република.
Русија го зазеде селото Запорожје по воени операции, пренесе Интерфакс.
Селото не е поврзано со нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во друг дел од регионот, се вели во соопштението.
„Како резултат на успешните офанзивни операции, единиците на Централната група сили го завршија ослободувањето на населбата Запорожје во Доњецката Народна Република“, соопшти Министерството за одбрана.