Ако некогаш сте се прашувале дали наставник по математика може да биде секси, тогаш знајте дека може и тоа како.
Ви го претставуваме најжешкот наставник по математика во светот, кој освен тоа работи и како професионален модел.
Сексапилниот и прилично паметен убавец се вели Пјетро Босе. Тој доста лесно би станал дел од фантазиите на секоја една ученичка или студентка, а друго е прашањето колку точно за бројките би научиле девојките, на кои тој предава.
До неодамна жешкиот Пјетро бил најголемиот сон на ученичките во University College London.
Сексапилниот професор Босе за жал неодамна го напуштил универзитетот, за дасе посвети на својата кариера на модел, каде веројатно би можел да заработува повеќе пари.

Фото: Instagram
За снажниот убавец се знае дека има 26 години и дека е родум од Неграр, Италија и дека освен за математиката, е опсесивен и на тема фитнес. Тој, исто така открива во социјалната мрежа дека Арнолд Шварценегер, Оскар Вајлд и Ролинг Стоунс се меѓу неговите идоли.

Фото: Instagram
Според неговиот профил во LinkedIn, тој работел како асистент-професор, а потоа и како професор во UCL до јуни 2014 година, а сега е манекен во агенција Models 1.

Фото: Instagram