Заработила мало богатство: Кралицата сака да се обложува

323 прегледи

Познато е дека кралицата Елизабета е одлична јавачка, а сега се дозна дека со текот на годините на коњски трки од обложување има заработено вистинско богатство. Во последните неколку децении, коњите на кои се обложувала победиле во повеќе од 100 трки.

Податоците на веб страницата која ги објавува трките откриле дека 93-годишната кралица од своите коњи вкупно заработила 6,7 милиони фунти, до денеска, а само во 2016 година инкасирала 557.650 фунти, пишува британскиот The Sun.

Од 1988 година, нејзините коњи победиле во 451 трка, што значи дека просечно победувале на 15 трки годишно. Еден од нејзините најдобри коњи е Мерлин, кој со своите победи на кралицата ѝ донел 21.768 фунти.

Слични содржини