За две недели на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат од 5.500 до 10.000 евра нето, понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие две недели шаторите прават промет меѓу 8 и 9 милиони евра.
Како што пишуваат германските медиуми, за да можат дури и да работат на Октоберфест, келнерите и келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и пијалоци и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат. За сместување ќе одвојат и до 2.500 евра.
Ева работела како келнерка на Октоберфест и преку ТикТок открила дека најскапото сместување е 2.500 евра, а собата во која спиела имала само душеци, а во собата спиеле пет лица.
ТикТокерката нагласува дека келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксна саатница, туку добиваат дел од продажбата.
Според информациите на порталот „ТЗ“, домаќините на големите шатори на Октоберфест за две недели остваруваат промет до осум и девет милиони евра. Од тоа им останале околу еден милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два милиони евра.
Минатата година Октоберфест му донесе на градот околу 1,49 милијарди евра.