По една од најтешките години во историјата на нафтената индустрија, цените на суровата нафта се опоравија и главните производители конечно заработуваат пари. Сепак, тие пари најмногу одат за отплата на долговите што се појавија додека паѓаа цените, а нафтените компании се позајмуваа за да ги финансираат своите дивиденди.
„Ексон Мобил Корп.“ и „Тотал СЕ“, кој минатата година имаше финансиски проблем да ги одржи исплатите на акционерите, ќе ги даде сите вишоци пари на олеснување на долговите. „Шеврон Корп.“ и „Ројал Дач Шел Плц“ ќе продолжат со откуп на своите акции штом ќе можат, а само „БП Плц“ најавува можност за плаќање на акционерите.
Резултатите од првиот квартал оваа недела треба да покажат значително подобрување и профит по страшната 2020 година, но веројатно ништо што би можело да го промени разочарувањето на инвеститорите во нафтените компании, пренесе „Блумберг“.
Според проценката на аналитичарите на пазарот на нафта, споменатите и другите компании од овој сектор имаат ограничена привлечност како долгорочни инвестиции, бидејќи тие не покажуваат одржливост и постојаност. Според „ЏејПи Морган“, резултатите од првиот квартал оваа година ќе бидат пресвртница за нафтената индустрија.
Проценките покажуваат дека слободниот проток на готовина, што е она што останува по оперативните трошоци и инвестициите, ќе изнесува околу 80 милијарди долари во споредба со околу 4 милијарди долари во 2020 година. Тоа треба да биде доволно за секоја од петте најголеми компании да ги покријат планираните дивиденди за 2021 година и да им останат околу 35 милијарди долари заедно.
Зголемувањето на цените на нафтата и намалувањето на трошоците во комбинација со продажбата на средства носат ненадеен прилив на пари и ги решаваат краткорочните проблеми на повеќето компании. Сепак, долгот и намалувањето на капиталните инвестиции носат повеќе штета отколку добро на долг рок, велат аналитичарите, додавајќи дека нивната одржливост останува сомнителна.