Заштита на кучињата од КРЛЕЖИ: Што да направите ако се ЗАКАЧАТ?

од Vladimir Zorba
1,9K прегледи

Крлежите се појавуваат околу влажната вегетација, како што се високи треви, ниски грмушки и дрвја и куп мртви лисја или исечена трева. Ако домашно милениче поминува време во области каде што живеат крлежи, тие можат да се закачат на домашното милениче.

Трите болести кои најчесто се јавуваат во врска со крлежите се: Лајмска болест, Бабезиоза (грозница од крлежи) и Анаплазмоза.

Ако крлежот е забележан и отстранет на време, нема големи последици од неговиот „залак“. Важно е да се напомене дека не секој крлеж е заразен, но сепак е подобро да се преземат мерки на претпазливост.

Како да го заштитите вашето домашно милениче?

Чувајте го вашето куче подалеку од густа и висока вегетација.

Ако тоа поминува време надвор, испрскајте го со некој лек против инсекти. Ова секако со препорака на вашиот ветеринар.

Проверувајте гочесто вашето куче, особено стомакот, ушите и под опашката.

Кога вашето домашно милениче ќе се врати во куќата, проверете дали има крлежи. Крлежите се многу мали и имаат темна боја. Внимателно поминете со рака преку крзноро на вашето домашно милениче од глава до пети.

Бидете сигурни да го проверите стомакот, внатре во ушите, под опашката и во внатрешноста на наборите на кожата.

Што ако вашето куче го касне крлеж?

Ако, покрај мерките за превенција, сепак најдете крлежи на вашето куче, најдобро е да се консултирате со ветеринар. Ако ова не е можно, можете сами да го отстраните.

Никогаш не истурајте бензин, масло или друга течност на крлежот. Ова може да предизвика крлежот да ја поврати содржината на стомакот и на тој начин да го зарази вашето куче.

Ако ветеринарот не е во близина, обидете се сами да го отстраните крлежот. Ќе го направите ова со туркање на пинцета помеѓу главата на крлежот и кожата на вашето домашно милениче и повлечете ја нагоре со безбедно движење. Не ја вртете пинцетата.

По отстранувањето, избришете го местото со алкохол.

Ако крлежот преживеал, однесете го кај ветеринар за да утврди дали е заразен.

Откако ќе ги отстраните, проверете го местото каде е каснато и следете ги сите промени во кожата на вашето куче.

Слични содржини