330
Заскитан куршум поминал низ покривот на парохијата во Сан Хозе во Бразил за време на светата миса и паднал пред свештеникот Робинсон де Кастро Куњо. Во тоа време тој бил на самиот крај на проповедта.
– Куршумот падна пред свештеникот кој го зеде и му го предаде на координаторот на заедницата, а тој продолжи со мисата – изјавуваат сведоците, пренесува ЦНА.
Необичниот инцидент беше снимен на камерите и започна масовно да се споделува на социјалните мрежи, особено во Бразил и Латинска Америка.
Архиепископијата во Виторија во изјавата за инцидентот рече дека настанот е симбол на растечкото насилство во регионот и дека треба да ги загрижува и оние кои не се директно погодени.