Најмалку 27.365 Палестинци се убиени, а 66.630 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас.
Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа во Газа загинале околу 127 Палестинци, а 178 се повредени, пренесува Ројтерс.
Израел започна со операции во појасот Газа откако палестинската милитантна група Хамас изврши ракетен напад на 7-ми октомври минатата година, а потоа упадна во јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе. Исто така беа земени повеќе од 250 заложници и одведени во Појасот Газа.