Регистриран е уште еден инцидент при лов во Новата година. МВР информира дека 54-годишен жител на кочанското село Долни Подлог е приведен, бидејќи за време на лов вчера испукал куршум од пушка „застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда.
М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера беше објавено за инцидент, кој се случил во атарот на селото Јастребник на падините на Осоговските Планини, при што 53-годишен ловец се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот, по што бил транспортиран до болницата во Кочани.
Од Одделението за внатрешни работи информирата дека ловецот кој пукал во својот колега е приведен и против него е поведена истражна постапка, а ловечката пушка е одземена.