157
При пукањето што се случи вчера рано наутро во Вашингтон две лица загинаа, а пет беа ранети. Полицијата околу 3 часот по полноќ добила дојава за пукање во близина на спортскиот центар Кенеди, пишува Си-Ен-Ен.
Во инцидентот загинаа две лица, а од првичните информации се вели дека тоа се Ентони Браун (32) од Вашингтон и Џеј Лакс (32) од Балтимор.
Повредените се пренесени во локалните болници. Засега не е познато зошто дошло до пукањето и кој бил мотивот.
Прелиминарната истрага укажува дека еден или повеќе осомничени намерно пукале со огнено оружје кон жртвите. Засега нема уапсени.