Заталкан куршум скршил ветробран на автомобил во станица за технички преглед во Чаир

од desk2
12 прегледи

Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.