254
МВР информира дека продолжува со редовните акциски контроли во угостителски објекти.
Според нив, во текот на денешниот ден од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, затекнале 4 лица без ковид-сертификат и едно лице со лажен ковид-сертификат, за што се изречени соодветни санкции.
Од таму додаваат, дека за време на контролата од страна на УЈП и ДПИ регистрирани се и други неправилности за кои, исто така, се изречени соодветни мерки.