Затворен гасоводот „Северен тек“

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Рускиот гасовод „Северен тек“ до Германија ќе биде затворен 10 дена поради годишно одржување, потврди во петокот компанијата задолжена за проектот.

Двете линии на гасоводи ќе бидат прекинати заради работи за одржување од 11 до 21 јули. Операторот додаде дека исклучувањето било претходно договорено со сите партнери.

„Nord Stream AG привремено ќе ги затвори двете линии од својот гасоводен систем за рутинско одржување, вклучително и тестирање на механички елементи и системи за автоматизација за да обезбеди сигурно, безбедно и ефикасно функционирање на гасоводот“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, германското Министерство за финансии ја разгледува можноста за национализација на делот од Северен тек 2 кој минува низ германска територија, објави „Шпигел“.

Цевките на тој начин би можеле да бидат отсечени од остатокот од гасоводот и да се користат за терминал за течен природен гас, пишува магазинот.

Слични содржини