Синоќа полицијата интервенирала во скопскиот кафе-бар „Мош“, каде биле затекнати гости во 23 часот.
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат биле спречени да го затворат објектот од лицата присутни во барот кои ги навредувале.
Имено, на социјалната мрежа Твитер, веќе се споделува и видеото во кое е евидентно дека гостите пружале отпор.
„При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност. По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираа од МВР.
Па добро бе се ви ебам неиживеано, абе одма у Шутка носете ги со се факинг МОШ. pic.twitter.com/QuwW0g7UIJ
— 🅰️псаана (@aps_aana) December 17, 2020