Портокаловата подвижна пешачка патека во северното италијанско езеро беше затворено во неделата. За кусата егзистенција инсталацијата успеа да привлече над 1,2 милиони посетители – двојно повеќе од очекуваното.
Лебдечките пристаништа на островот Изео се платени и направени од американскиот уметник со бугарско потекло Кристо, ќе останат како дел од “номадската култура”, како што се изрази авторот. Тие ќе го продолжат животот во дигиталниот простор, обезбеден од “Гугл”, пренесе АФП.
Непосредно пред затворањето во неделата вечерта редиците за трите километарски “лебдечки понтони” на езерото Изео покриени со жолто-портокалова боја ткаенина, се намалија.
Пластичната конструкција го поврзуваше крајбрежниот град Сулцано со островите Монте Изео и Сан Паоло. Инсталацијата чинеше 16 милиони евра и беше финансирана со продажба на цртежи и подготвителните проекти. И покрај зголемените трошоци за чистење и заштита, како и бројни интервенции на медицинските поради натрупувањето на луѓе во топли денови, локалните власти се задоволни и очекуваат повеќе туристи поради зголемената слава на регионот.