Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на работното време

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, на 18.01.2021 во 23.00 часот, затвориле угостителски објект во кој биле седум лица-гости и сопственикот, по законски утврдениот временски рок за работно време.

– Извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец. При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Слични содржини