231
МВР извести дека на 17.02.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33) од Тетово. Притоа покрај сопственикот биле затекнати и пет други лица кои престојувале како гости.
„Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од полицијата.