290
Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле, недалеку од Истанбул, беше затворена откако денеска беа пронајдени 28 неексплодирани мини, соопштија властите.
Властите изјавија дека мините ги пронашле нуркачи, а осум мини се извлечени на брегот за да бидат уништени, објави турскиот телевизиски канал НТВ.
Најавено е дека мините ќе бидат неутрализирани на 2 август.