Затворена плажа во Турција откако се пронајдени 28 неексплодирани мини

од Vladimir Zorba

Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле, недалеку од Истанбул, беше затворена откако денеска беа пронајдени 28 неексплодирани мини, соопштија властите.

Властите изјавија дека мините ги пронашле нуркачи, а осум мини се извлечени на брегот за да бидат уништени, објави турскиот телевизиски канал НТВ.

Најавено е дека мините ќе бидат неутрализирани на 2 август.

Слични содржини