109
Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на скопската обиколница, пренесуваат некои медиуми.
Според информациите од терен сообраќајната несреќа се случила пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци. Во верижен судар учествувале неколку автомобили, камион и автобус а сообраќајот е затворен и возилата се пренасочуваат.
За време на несреќата имало и многу густа магла. На терен се екипи на полицијата, брза помош и влечни возила.