Затворени гласачките места во регионите на Русија по московско време, се пребројуваат гласовите

Високиот одѕив на изборите е резултат на притисокот од Западот и воведувањето нови форми на гласање, истакна Ела Памфилова, претседател на ЦИК на Русија.

од Бети Божиноска
260 прегледи

Гласачките места на третиот и последен ден од претседателските изборите во Русија во регионите кои во московската временска зона се затворени, а прекинато е и електронското гласање во оние региони каде гласачите можеа да гласаат од далечина, по што почна броењето на гласовите, пренесува „РТ“.

Одѕивот на руските претседателски избори на последниот ден од гласањето до 20 часот по московско време изнесува 73,33 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Руската Федерација.

„Повеќе од 249.000 Руси гласаа во странство на претседателските избори во Русија. Заклучно со 18 часот, земајќи го предвид предвременото и тридневното гласање – односно Кипар, Тајланд, Јужна Осетија, вкупниот број на гласачи веќе изнесуваше 249.806,“ изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Евгениј Иванов.

Високиот одѕив на изборите е резултат на притисокот од Западот и воведувањето нови форми на гласање, истакна Ела Памфилова, претседател на ЦИК на Русија.

„Сакам да му се заблагодарам на Западот, тој не обедини. Ние во голема мера сфаќаме колку е важно сега да бидеме заедно. Колку е поголем притисокот врз нас, толку повеќе се бориме“, рече Памфилова.

Странски набљудувачи, меѓу кои и набљудувачи од САД, Италија, Шпанија, Франција и Грција, денеска го посетија Јавниот набљудувачки центар за следење на руските претседателски избори во Ростовската област на југот на Русија.

Американскиот набљудувач Патрик Хенингсен, кој со група странски набљудувачи денеска го посети набљудувачкиот центар, изјави дека изборите во регионите на Донбас биле „транспарентни и фер“.

„Има многу напори за транспарентност во Руската Федерација, не само со избирачките места, туку и во однос на мониторингот на избирачките места како што гледаме овде на стадионот Ростов“, рече Хенингсен.

Според него, постигнато е ниво на транспарентност што е „не е вообичаено за секоја земја“ и додаде дека набљудувачите „биле импресионирани од напорите во кои се одржале изборите во регионите што се сметаат за конфликтни зони“.

Меѓународните набљудувачи од Италија и Латвија го забележаа нападот на украински милитанти врз градот Енергодар во областа Запорожје, на последниот ден од гласањето на претседателските избори во Русија. Андреа Палмери, меѓународен набљудувач од Италија, изјави дека со тој напад, Украина уште еднаш покажала дека е терористичка организација, а не држава.

Слични содржини