Затворениците од „Алкатраз“ :По 5 децении нивни роднини тврдат дека имаат доказ дека се живи

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Тројцата затвореници кои побегнаа од Алкатраз можеби преживеале и сеуште се живи. По повеќе од 50 години ова го тврдат нивни роднини, кои велат дека имаат доказ за тоа.

2D45EF4B00000578-3267577-image-a-29_14444918399432D45EFE000000578-3267577-image-m-28_14444918324642D45EF4400000578-3267577-image-a-30_1444491840119

Браќата Јон и Кларенс Англин и нивниот цимер Френк Морис во јуни 1962 година успеаја да избегаат од Алкатраз, но затворските власти беа уверени дека од таму нема шанси некој да побегне и да остане жив. Токму затоа ФБИ иако не ги пронајде нинвите тела, веруваше дека тие никогаш не стасале до Сан Франциско и во 1979 ги прогласи за мртви.

Неколку децении подоцна роднини на бегалците, тврдат дека во декември 1962 година добиле честитка за Нова Година, а исто така дека поседуваат фотографија од браќата Англинс од 1970 година.

За спектакуларното бегство беше снимен и филм во кој главната улога ја толкува актерот Клинт Иствуд. / извор Daily mail