Затвореник од Идризово преку мобилен измамил фирма од Прилеп

од Берта Китинска
281 прегледи

Кривична пријава за „измама“ е поднесена против Б.А. (33) од Скопје, кој е осудено лице во КПУ Идризово, поради тоа што, како што соопшти МВР на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик и од затвор да измами правно лице од Прилеп, нанесувајќи му штета од 65.402 денари.

Кривичната пријава е поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје.

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

Имено, на 23.05.2018 со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на Интернет, со лажно прикажување на факти и лажно претставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока го довел и одржувал во заблуда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп.

Притоа успеал да издејствува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице во износ од 65.402 денари. за кој износ се стекнал со противправна имотна корист.

Инаку против Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019 година од страна на СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесени се повеќе кривични пријави за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминирани дејствија им причинил материјална штета на повеќе правнии лица за различни парични износи.

Слични содржини