Затвореник, за кој не се знае како излегол од затвор, пукал во Чаир: Повредениот е од групата Грчец

од Илинка Илиоска
224 прегледи

Околу 18:10 часот, затвореник, кој на непознат начин излегол од затвор, пукал кон член на групата Грчец, објави ТВ21 повикувајќи се на свои извори.  Како што соошти полицијата, Е.А. (35) од Скопје кој во тој момент се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ бил ранет во ногата и веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за медицинска помош. Лекарите потврдиле дека станува збор за прострелна рана на ногата.

Според МВР, повредениот бил донесен од неговиот брат, кој на полицијата објаснил дека додека жртвата се движела по улицата, едно лице се доближило и го застрелало. Засега не е јасно дали повредениот знае кој е напаѓачот.

Братот изјавил дека инцидентот најверојатно е резултат на должничко-доверителни односи.

Поголемиот дел од групата Грчец, предводена од водачот Шеваљ Муареми, е во бегство, додека дел од членовите се во притвор.

Слични содржини