Ограничувањата на Ковид во Кина најверојатно ќе ја чинат земјата најмалку 46 милијарди долари месечно, или 3,1 отсто од БДП, во форма на губење на економската продуктивност, а влијанието би можело да се удвои доколку повеќе градови ги заострат мерките, според Блумберг.

Ова е минималната проценка на економист од кинескиот универзитет во Хонг Конг, врз основа на претпоставката дека градовите, кои генерираат околу 20% од бруто домашниот производ на Кина, во моментов воведуваат насочени блокади. Трошоците ќе се удвојат ако овие области го следат Шангај и наметнат построги политики кои бараат повеќето жители да останат дома.

Кинеските мерки значат дека „економската цена на блокирањето е јасно повисока отколку што гледаме во другите земји“, рече Џенг Мајкл Сан, професор на CUHK кој е дел од истражувачкиот тим кој користи податоци во реално време за да го измери влијанието на блокирањето. Проценката од 3,1% – што е еквивалентно на 295 милијарди јуани (46,3 милијарди долари) – е „конзервативна“, додаде тој, бидејќи не го вклучува ефектот врз приходот преку инфлацијата.

Сан и неговиот тим користат податоци за локацијата на речиси 2 милиони камиони кои минуваат низ Кина и чие движење е силно поврзано со локалната економска активност.

Доколку се вклучат влијанието врз инфлацијата низ земјата и несаканите ефекти од синџирите на снабдување, влијанието врз економијата ќе биде многу понеповолно. Според пресметките на Сан и неговите соработници, строгата блокада само во Шангај може да го намали реалниот БДП на Кина за 4%. Ако четирите најголеми кинески града заедно бидат сериозно блокирани, националниот БДП прилагоден според инфлацијата ќе се намали за 12% во периодот на блокадата.

Во најлош случај, сите градови ќе бидат блокирани на еден месец, што ќе го намали националниот БДП за 53% во тој период.

Слични содржини