Она што започнува како безопасно решение за затнат нос за многумина може да се претвори во опасна зависност со сериозни последици. Лекарите сè почесто предупредуваат на пораст на бројот на луѓе кои стануваат зависни од спрејови за нос без рецепт а последиците не се само физички, туку и психолошки.
Овие препарати, кои се продаваат во аптеките и ширум светот, во супермаркетите, брзо и ефикасно делуваат на затнувањето на носот. Сепак, нивната долготрајна употреба подолга од седум дена може да има спротивен ефект.
Наместо олеснување, предизвикува иритација и отекување на крвните садови во носот, што дополнително го влошува застојот. Со тоа се создава маѓепсан круг во кој пациентите се повеќе посегнуваат по спрејот, несвесни дека си наштетуваат, пишува „Дејли Мејл“.
Во потешки случаи, хроничната употреба доведува до оштетување на внатрешните структури на носот, што дури може да бара операција и да остави видливи лузни. Професорката д-р Клер Хопкинс, специјалист по отоларингологија од Лондон, истакнува дека се почесто забележува вакви случаи.
„На луѓето им е сè потешко да стигнат до лекарите, па се свртуваат кон она што им е достапно лекови без рецепт“, рече таа за „ITV“.
Еден од оние кои се фатени во овој маѓепсан круг е Кертис Арнолд-Хармер од Хестингс, кој станал зависен од спрејот „Sudafed“. Цели 18 месеци го користеше речиси секој час.
„Ако не го користев спрејот, не можев да дишам. Тоа беше едноставно така“, рече тој. Лекарите му рекле дека состојбата на носот му е толку лоша што на почетокот мислеле дека користи кокаин.
Конечно мораше да се подложи на операција, за намалување на носната школка во носната празнина што ја намалува големината на внатрешните структури на носот оштетени од употребата на спрејот. Иако операцијата му донесе олеснување, тој ќе мора да ја повторува на секои пет до десет години.
Поради ваквите примери, расте бројот на оние кои бараат спрејовите за нос како Sudafed да се замаат само со рецепт, со цел да се ограничи нивната достапност и да се спречат сериозни здравствени последици. Затоа што, понекогаш, она што изгледа како едноставно решение може да има цена што никој не е подготвен да ја плати.