Заводникот во акција: „Фрлил око“ на новата Бонд девојка

410 прегледи

На почетокот на овој месец Американскиот филмски институт го одржа својот традиционален ручек на Беверли Хилс, на кој се собрале големите и претижни актерски имиња од холивудската А листа. Меѓу нив бил и 45-годишниот Бредли Купер, кој откако во јуни раскина со Ирина Шајк, ужива во самачкиот живот.

Сепак, ѕвездата од филмот „Ѕвездата е родена“ на ручекот не бил сам, туку, поголемиот дел од времето го поминал во друштво на атрактивната 31-годишна Бонд девојка Ане де Армас. Парот бил фотографиран за време на пријатен разговор, во кој актерката не можела да одолее, а да не се насмее на шегите на холивудскиот заводник.

Ова не е нивна прва средба, бидејќи во 2016 година заедно снимаа филм. Атрактивната Кубанка зад себе има пропаднат брак со актерот МАрко Клотет, кој траел само две години, додека Купер и Ирина беа во врска од 2015 година.

Од врската, Бредли и Ирина ја имаат двегодишната ќерка Леа де Сиена.

Слични содржини