Завршен копнениот дел на „Северен тек 2“

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Изградбата на копниот дел на „Северен тек 2“ е завршена и гасоводот е подготвен за експлоатација, изјави генералниот директор на „Газпром експорт“ Елена Бурнистрова на состанокот со инвестициските банки.

„Копнениот дел е веќе завршен и целосно подготвен за експлоатација“, рече директорот на „Гаспром експорт“.

Таа додаде дека рокот за завршување на работите на море ќе зависи од голем број услови, вклучително и временските услови.

Да потсетиме, работите на гасоводот во територијалните води на Германија продолжија на 11 декември.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два крака на гасоводот, чијшто вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.

Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Украина активно се бори против изградбата на „Северен тек 2“, стравувајќи дека ќе ги изгуби приходите од рускиот транзит на гас, како и бројни европски земји, вклучувајќи ги Полска, Латвија и Литванија. Тука се и САД, кои сакаат тие да го продаваат својот течен природен гас на ЕУ.

Соединетите држави веруваат дека ова е политички проект што ја загрозува енергетската безбедност на Европа.

Руската страна постојано изјавуваше дека проектот е апсолутно комерцијален и конкурентен и посочи дека не подразбира прекинување на транзитот на руски гас преку Украина кон ЕУ.

Слични содржини